Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 7 километри.
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на околу 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција.
Нема веднаш пријавени повредени или штети.