Што мисли англиската кралица за вакцината против корона - Елизабета Втора наскоро ќе испрати важна порака

Британската кралица Елизабета Втора би требало да прими вакцина против Ковид 19 во наредните недели и потоа да обелодени дека тоа го направила за да охрабри што поголем број Британци да го направат тоа.

Извори блиски до кралството тврдат дека кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип без посебен третман, ќе застанат во редот со останатите Британци во првиот бран за вакцинирање планиран за граѓаните на возраст од 80 години и постари, пренесува порталот Дејли Мејл.

Се очекува дека кралскиот пар ќе прифати да се вакцинира на препорака на своите доктири, но дека тоа ќе го направат јавно за да охрабрат повеќе Британци да се вакцинираат и да ги занемарат теориите за штетноста на вакцинацијата против Ковид 19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2020 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега