Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула

    ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула

    26.10.2025 во 10:56Updated:26.10.2025 во 10:573 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот остров Родос, шахистите на Алкалоид забележаа убедлива победа од 4,5 : 1,5 над најсилниот претставник на Израел, Ришон ле Цион, кој е седми носител на турнирот според почетниот рејтинг, со што ја освоија втората позиција на табелата, односно вицешампионската тутула!

    Овој турнир е најсилен во клупската конкуренција на Стариот континент, поради што често се споредува со Лигата на шампионите, а ШК Алкалоид триумфираше на него во 2016 година, додека, пак, во 2017, 2024 и во 2025 година го освои второто место.

    Импресивен резултат за клубот кој бележи 49 години постоење и шаховски раст, континуирано поддржуван од компанијата „Алкалоид“.

    – Нималку лесна победа во последното коло против тим кој може да се нарече елитен, па по три часа игра резултатската неизвесност беше присутна. На првите четири табли не гледавме шанса за победа, но нештата се свртеа откако на петтата табла Александар Инѓиќ (2.618) со бели фигури успеа да го надигра Евгени Занан (2.504). Постепено и на шестата табла Абиманју Пураник го скрши отпорот на ИМ Ор Бронштајн (2.460), па на тој начин започна да се наѕира победата која беше вредна медал. Тимот покажа карактер по вчерашниот минимален пораз од ривалите за тронот, со што беше демонстриран борбен и победнички дух против тврдокорниот противник – коментираше ВМ Влатко Богдановски, кој е капитен на интернационалниот состав на ШК Алкалоид.

    Израелскиот тим беше предводен од легендарниот Борис Гељфанд (2.636), поранешен учесник во меч за светски првак, кој успеа со голем жар да ја одржи послабата позиција во сицилијанска одбрана на првата табла против Арјун Еригаиси (2.773).

    Ји Веи (2.754) имаше црни фигури против уште еден елитен израелски велемајстор, Максим Родштајн (2.647), кој годинава на поединечното Европско првенство го делеше првото место. Членот на ШК Алкалоид солидно се бранеше, а кога противникот ја мина црвената линија обидувајќи се да игра на победа, со целосен пресврт успеа да донесе цел поен за висок резултат.

    И на третата табла Јангји Ју (2.720) не успеа да создаде конкретна предност бидејќи Ницан Штајнберг (2.554) одигра на врвно ниво. Најдолго траеше дуелот на Читамбарам Аравинд (2.711) на четвртата табла, кој играше 70 потези, и неговиот противник Јахли Соколовски (2.539), кој ги преживеа сите напади.

    Ји Веи и Абиманју Пураник дополнително освоија и сребрени медали како најуспешни играчи на втората и на шестата табла, додека, пак, Читамбарам Аравинд ја присвои бронзата на четвртата табла.

    Романскиот претставник СуперЧес, предводен од светскиот првак Гукеш, иако четврти носител, на крајот како единствен непоразен тим и со само една загубена партија (и тоа во последното 7. коло) за првпат го освојува пехарот во Европскиот клупски куп со максимални 14 бодови. ШК Алкалоид на второто место има 12 бодови, колку и чешкиот Нови Бор, кој играше само со македонскиот шампион меѓу ривалите од првата петорка и го загуби тој дуел, но, сепак, на крајот стигна до шест победи и до бронзен медал.

    Идната година предвидено е домаќин на Европскиот клупски куп во шах да биде Црна Гора.

    Прочитај повеќе

    Пола литар вода 400, едно пиво 900 денари – што се пие на US Open?

    07.09.2026 во 13:56

    Маврово денеска е светска престолнина на крапскиот риболов: Пристигнаа 33 репрезентации

    01.09.2026 во 09:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.