Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
    • Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете
    • Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шилегов: СДСМ е петта партија во Македонија

    Шилегов: СДСМ е петта партија во Македонија

    21.01.2026 во 21:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ Петре Шилегов побара оставка од актуелното раководство на партијата поради катастрофалните резултати од работењето.

    – Да ја сведете поддршката на партијата на само стотина илјади гласови и само 15 пратеници, да станете петта партија во Скопје, трета во Македонија, што е тоа ако не катастрофа – рече Петре Шилегов во настап на емисијата Топ Тема на телевизија Телма

    – Ќе дојде до определени барања не само од моја страна, туку од сериозна групација во партијата, меѓу кои има и актуелни пратеници, кои исто така немаат никаква комуникација со раководството. Кога ќе излезат од партијата дел од пратениците, можеби половина од пратеничката група, кога дел од општинското раководство ќе ви ги затвори вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете од функција – рече Шилегов.

    Тој потсети дека беше тргнат од потпретседателската функција во тнр. Операција „Метла“, а вториот пат не бил свикан конгресот кој го барала јавно поголема група активни партиски членови по локалните избори. Тој ја оспорува легитимноста на конгресот на партијата што го најави лидерот Филипче, со оглед што постои голема апатија во партијата и пасивизација на членството, како и изолација на партија.

    – Ние немавме отчетен Конгрес за причините за поразот на СДСМ во изборите 2021. Согласно статутот мораше да има Конгрес тој Конгрес не беше одржан. После парламентарните избори 2024 пропадна Конгресот и сега се одржува Конгрес којшто до делегатите на Конгресот и до општинските организации на СДСМ не се испратени конгресните материјали, не се испратени предлог заклучоците, ниту се испратени предлог политички одлуки коишто треба да бидат разгледувани и донесени на самиот конгрес – рече Шилегов.

    Тој објасни дека според статутот на партијата, општинските организации треба да ги разгледаат конгресните материјални, предлог заклучоците и да донесат свои мислења и видувања со цел делегатите да завземат одреден став, меѓутоа истите не биле испратени.

    Според него, изгубен е социјалдемократскиот идентитет на партијата, а членовите не можат да се идентификуваат, а уште помалку да ја поддржат актуелната политика и одлуки што ги носи раководството.

    Тој рече дека е спорна одлуката на лидерот Филипче да не учествува во лидерската средба, што не е одлука донесена од партиските тела, а објаснувањето „не седиме на маса со криминалци“, според него е апсурдно.

    Прочитај повеќе

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.