Шилегов повторно се огласи: 1.000 зошто, едно затоа - ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник
Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук.
„1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник …“, напиша денеска Шилегов.
Шилегов во претходната објава на фејсбук ја нарече СДСМ заробена партија со двајца октроирани „лидери“, тезгароши.
25.10.2024 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа