Шилегов: Очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг

„Денес е празник за демократијата во Македонија и празник за демократијата во Скопје и скопските општини. Денес заедно со моето семејство го исполнивме своето граѓанска должност и обврска да го дадеме својот глас“, кажа градоначалникот Шилегов веднаш после гласањето.

Имавме кампања којашто помина мирно и достоинствено, затоа очекувам и се надевам дека денешниот ден, односно овие избори ќе завршат мирно и демократски, впрочем онака како што заслужуваат сите граѓани на Република Северна Македонија“, потенцираше Шилегов.

„Бидејќи одзивот е онаков каков што очекуваме, а очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг затоа што во самата кампања скопјани може да препознаат кои се луѓето што овој град го водат напред и сето она што го направивме во изминатите четири години.

Континуитетот за развој на Скопје е извесен и тоа е она што граѓаните ќе го изберат на овие избори“, кажа градоначалникот Шилегов.

17.10.2021 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега