Обвинетиот за убиството на Вања и Панче се бори за живот на скопските клиники

 

Боре Видевски, обвинет за учество во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, е префрлен на Клиниката за нефрологија во критична здравствена состојба.

Неговиот адвокат, Бојан Манев, за Радио Слободна Европа потврди дека Видевски бил транспортиран од притвор поради влошување на неговата состојба.

„Тој е во неконтактибилна состојба и е сместен на Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ откако претходно беше однесен во Градската болница ‘8 Септември’“, вели адвокатот Манев, додавајќи дека на Видевски му е извршена итна дијализа, но состојбата е сериозна.

Видевски во минатото имал трансплантиран бубрег и подолг период се жалел на болки. „Бубрегот како да му е пред распаѓање, но за точната дијагноза треба да се произнесат лекарите“, изјави адвокатот, кој истакна дека неговиот клиент можеби ќе треба да биде подолготрајно лекуван, процес што би можел да трае и повеќе од еден месец.

30.09.2024 - 17:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега