(ВИДЕО) Како граѓаните би го потрошиле унгарскиот заем: „Би ги украл“
Владата на Република Македонија на општините ќе им додели 250 милиони евра за инфраструктурини проекти. Општина Битола аплицираше со 16 проекти, така натпреварувајќи се со сите општини во државата за парите кои Владата ги доделува за сите оваа година.
Ги прашавме Битолчани денеска, кога би имале можност да располагаат со тие пари, ако би биле на позицијата градоначалник, за што би ги потрошиле?
Улиците би добиле поинаков лик, улици има-фабрика нема, рече еден од нашите анкетирани.
Многумина што ги застанавме апансас отпрвин не можеа да се сетат, еден дури и на шега ни кажа ќе ги украдел, но по малку размисла, сите тие имаа конкретни предлози.
Зборуваа за кружниот тек кај нас.Стрелиште, за потребата од старски дом, за пристапи за лица со телесна попреченост, за патишта во руралните делови, за фактот дека битолската единица на фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) нема доволно вработени, а граѓани им навалиле.
Со благодарност до сите што денеска размислуваа на нашето анкето прашање, завршивме со тоа што во моментот беше најдуховитиот одговор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа