Труење во училиште во скопски Аеродром: Над 100 ученици јаделе бомбици со стафилокока

 

Учениците од ОУ “Ѓорѓија Пулевски” во Аеродром се затруле најверојатно од “бомбиците” кои ги јаделе за десерт. Резултатите од нивните анализи направени во ИЈЗ покажале присуство на бактеријата стафилококус ауреус. Аеробни мезофилни бактерии кои укажуваат на не хигиена се најдени и во еден примерок земен од садовите и работните површини во кујната.

- Од мострите храна, од испитуваниот примерок - бомбици, најдено е Стафилококус Ауреус и ентеротоксин позитивен, од сите брисови што се земени од површините и од садовите, само на еден сад било најдено зголемен број аеробни меозфилни бактерии што, нагласи Андоновска, укажуваат на нехигиенски услови. Брисевите од раце на сите вработени ги задоволуваат хигиенските стандарди. Брисевите од грло и нос на вработените се негативни, изјави Д-р Марија Андоновска, в.д директор на ИЈЗ.

Од ИЈЗ најавија дека ова официјално ќе го достават до надлежните здравствени институции и АХВ.

Во петокот кујната во училиштето беше затворена од ДСЗИ. Од таму информираат дека се уште на писмено ги чекаат резултатите од анализите. Ќе има ли санкции и евентуална кривична одговорност за фирмата која ја подготвувала и дистрибуирала храната ДСЗИ дополнително ќе одлучи ќе одлучи по претходно добиено мислење од стручни лица вклучително и епидемиолози и микробиолози.

Минатата недела родители на 140 ученици од 1-во до 3-то одделение во основното “Ѓорѓија Пулевски” кај одделенските наставници пријавиле дека децата имаат дијареа, повраќање, стомачни болки, а некои и температура. Дел од нив биле третирани од страна на матичните и ниту едно дете не е задржано на болничко лекување.

01.10.2024 - 20:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега