Случајот со киднапрањето на внукот на Бошковски добива нов епилог: Третиот осомничен за грабнувањето сам се предал на полицијата


Александар Трпковски кој беше третиот осомничен за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, вчера сам се предал на македонската полиција, објави порталот „Скопје1“.


„На 30.09.2024 на Граничниот премин Табановце бил лишен од слобода А.Т. од Скопје по чл.123 во врска со член 19 од КЗ и член 141 од КЗ и е спроведен во КПУ Затвор Скопје“, велат од МВР.

 

Трпковски е третоосомничен во случајот. Според обвинението, заедно со Виктор Милановски кој е осуден, и второ лице од кое земале автомобил, го грабнале внукот на Бошковски.

01.10.2024 - 15:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега