Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серафимовски: Со новиот закон за уредување на пазарите земјоделците ќе добијат поголема сигурност при пласманот

    Серафимовски: Со новиот закон за уредување на пазарите земјоделците ќе добијат поголема сигурност при пласманот

    25.09.2026 во 14:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Воспоставуваме систем со кој одговорноста појасно ќе се распределува меѓу производителите, откупувачите и преработувачите, а земјоделците ќе добијат поголема сигурност при пласманот на производите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната јавна расправа за новиот Предлог на закон за уредување на пазарите со земјоделски производи, што се одржа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    „Земјоделството повеќе нема простор за изнудени и ад хок решенија. Градиме систем што навреме ќе ги препознава ризиците, ќе воспостави ред на пазарите и ќе ја намали неизвесноста со која се соочуваат производителите. Земјоделецот повеќе не смее целиот производствен ризик да го носи сам, а условите за продажба да ги дознава кога производот е веќе набран и неговиот избор е сведен на минимум“, порача министерот Серафимовски во своето обраќање пред претставници на земјоделски здруженија и задруги, производители, откупувачи, преработувачи, стопански комори, научни и стручни институции.

    Министерот Серафимовски посочи дека предлог-законот во една системска целина ги обединува организираниот откуп и договорните односи, пазарните информации, интервентните мерки при сериозни нарушувања, организирањето на производителите, училишните шеми, промоцијата на македонските производи и пазарните стандарди. При тоа, тој истакна дека решението не предвидува административно утврдување на откупните цени, туку прецизни правила, поголема транспарентност и механизми за навремено институционално дејствување.

    „Воспоставуваме едноставен, но суштински принцип: договореното да важи, предадениот производ да биде точно измерен и класифициран, а земјоделецот да биде платен во утврдениот рок. Писмениот договор ќе се склучува пред испораката и однапред ќе ги утврдува количината, квалитетот, цената или начинот на нејзино пресметување, рокот за плаќање и поврзаните трошоци. Правилата ќе важат подеднакво за сите, а нивното непочитување ќе повлекува одговорност“, нагласи министерот Серафимовски.

    Тој појасни дека со електронската евиденција и јавно достапните податоци за регистрираните откупувачи ќе се зајакнат следливоста и контролата во организираниот откуп. Додека пак, земјоделскиот пазарен информативен систем и националната опсерваторија ќе обезбедуваат податоци за производството, понудата, побарувачката, залихите, цените, увозот и извозот, со што институциите порано ќе ги препознаваат ризиците и попрецизно ќе ги насочуваат земјоделските политики.

    „Наместо да реагираме откако производот ќе остане без пласман, ќе создаваме основа за навремено планирање и за постепено усогласување на производството со реалната и потенцијалната побарувачка, во рамките на пазарните услови. Пазарната економија нема да биде изговор за нетранспарентност, еднострано менување на условите или префрлање на целиот товар врз производителот“, рече министерот Серафимовски.

    Тој образложи дека значајно место во законските одредби имаат организациите и групите на производители, нивните асоцијации, оперативните програми и можностите за финансиска поддршка, со што преку заедничко планирање, стандардизација на квалитетот, концентрација на понудата и организиран настап ќе се зајакнат преговарачката позиција на земјоделците и нивниот пристап до поголеми купувачи.

    „Силен земјоделец е земјоделец кој не настапува сам на пазарот. Затоа создаваме услови производителите да се организираат, да планираат заеднички и да настапуваат со поголема понуда, усогласен квалитет и посилна позиција во преговорите“, рече министерот Серафимовски.

    Воедно, тој укажа дека со предложеното решение предвидува и инструменти за јавна интервенција и поддршка за приватно складирање при сериозно нарушување или непосреден ризик на пазарот. Истовремено, се врши усогласување со правилата на Европската Унија за заедничка организација на земјоделските пазари, со фокус на практична примена од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, инспекциските служби и стопанските субјекти.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.