Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во „голф“ им пронашле над 230.000 фалсификувани евра

    04.08.2026 во 20:47

    Шестмина загинати и 34 повредени во тешка сообраќајна несреќа во Италија

    04.08.2026 во 20:41

    Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски

    04.08.2026 во 20:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во „голф“ им пронашле над 230.000 фалсификувани евра
    • Шестмина загинати и 34 повредени во тешка сообраќајна несреќа во Италија
    • Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски
    • Николоски: Секогаш сме спремни за избори
    • Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе се пушти во следните месеци, целиот автопат готов до мај
    • Поларен бран го парализираше Нов Зеланд: Затворени училишта, патишта и откажани фериботи
    • Во сабота е голем празник – заштитничката од разни несреќи
    • ЦУК со пресек до 18 часот: Избувнаа 14 пожари, активен е во скопско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Сејф сити“ со шокантни податоци: Возач летал со 231 км/ч на скопската обиколница

    „Сејф сити“ со шокантни податоци: Возач летал со 231 км/ч на скопската обиколница

    04.12.2025 во 09:291 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пробното пуштање на системот „Сејф сити“ за само три дена регистрирало огромен број сообраќајни прекршоци, што според Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдува неговото значење за подобрување на безбедноста на патиштата.

    Началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов, и државниот советник, Владимир Велковски, во гостување на ТВ Телма открија дека системот забележал и „рекордер“ во брзо возење: возило се движело со дури 231 километар на час на скопската обиколница, на 1 декември.

    Во првите 24 часа од тест-периодот, на 1 декември, системот регистрирал околу 110.000 прекршоци. Следниот ден, на 2 декември, бројката значително се намалила на 50.652 евидентирани прекршоци.

    Од прекршоците регистрирани на 2 декември, најголем дел, односно 48.861 случаи, се однесувале на пречекорување на брзината. За поминување на црвено светло биле регистрирани 1.366 прекршоци, а 425 за нерегистрирани возила.

    Најголема концентрација на брзо возење е забележана на излезот од Скопје кон Тетово, каде имало околу 4.300 прекршоци, како и на булевар „Никола Карев“, со евидентирани околу 3.000 случаи.

    Соговорниците од МВР нагласија дека податоците добиени за само неколку дена од тестирањето ја потврдуваат потребата од целосно воведување на системот „Сејф сити“, со цел значително унапредување на безбедноста во сообраќајот.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во „голф“ им пронашле над 230.000 фалсификувани евра

    04.08.2026 во 20:47

    Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски

    04.08.2026 во 20:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.