Close Menu
Press24
    Најново

    Се избира наследникот на Абази – Петмина обвинители во трка за нов шеф на ОЈО ГОКК

    28.10.2026 во 08:18

    Дебата во Скопје: Кои компании се грижат најдобро за безбедноста и здравјето на работниците

    28.10.2026 во 08:17

    Ребалансот на Буџетот пред пратениците – На маса 124 амандмани

    28.10.2026 во 08:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се избира наследникот на Абази – Петмина обвинители во трка за нов шеф на ОЈО ГОКК
    • Дебата во Скопје: Кои компании се грижат најдобро за безбедноста и здравјето на работниците
    • Ребалансот на Буџетот пред пратениците – На маса 124 амандмани
    • Личната карта и возачката дозвола и на мобилен телефон – Полесен пристап до документи преку „м.Услуги“
    • Германските инвеститори и Владата на иста маса за транспортот и бизнисот
    • Ќе нема струја шест часа – Најавени прекини во повеќе делови на Скопје
    • Утринска магла и силен ветер – Есента зема замав
    • Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се избира наследникот на Абази – Петмина обвинители во трка за нов шеф на ОЈО ГОКК

    Се избира наследникот на Абази – Петмина обвинители во трка за нов шеф на ОЈО ГОКК

    28.10.2026 во 08:181 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавните обвинители денеска избираат нов раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). За функцијата конкурираат петмина кандидати, а право на глас имаат вкупно 187 обвинители.

    Во трката за раководната позиција се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Изборот се спроведува непосредно, со тајно гласање, а гласачките места ќе бидат отворени од 08:00 до 16:00 часот.

    По завршувањето на гласањето, гласовите ќе бидат сумирани на јавна седница. Изборната постапка ја спроведува комисија формирана од Советот на јавните обвинители, во состав Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

    Кандидатите ги претставија своите програми на седницата на Советот на јавните обвинители на 13 октомври. Меѓу приоритетите што ги истакнаа се зајакнувањето на истражните капацитети, поефикасната борба против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги и зголемувањето на независноста на Обвинителството.

    Новиот раководител ќе го наследи Ислам Абази, чиј мандат истекува. Абази беше избран на функцијата во октомври 2022 година, а огласот за избор на негов наследник беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Дебата во Скопје: Кои компании се грижат најдобро за безбедноста и здравјето на работниците

    28.10.2026 во 08:17

    Ребалансот на Буџетот пред пратениците – На маса 124 амандмани

    28.10.2026 во 08:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.