Транспортната инфраструктура, конкурентноста на домашните компании и можностите за привлекување странски инвестиции ќе бидат главни теми на денешната средба во организација на Македонско-германското стопанско здружение.
На настанот ќе присуствуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорката на здружението, Антје Ванделт, како и претставници на компаниите членки и германските инвеститори кои работат во земјава.
Предвидено е да се разговара за улогата на транспортната инфраструктура во подобрувањето на деловната клима, унапредувањето на условите за работа на компаниите и зајакнувањето на конкурентноста на пазарот. Посебен акцент ќе биде ставен на значењето на инфраструктурниот развој за привлекување нови странски инвестиции.
Македонско-германското стопанско здружение е дел од мрежата на германските стопански комори во светот.

