Close Menu
Press24
    Најново

    Ребалансот на Буџетот пред пратениците – На маса 124 амандмани

    28.10.2026 во 08:15

    Личната карта и возачката дозвола и на мобилен телефон – Полесен пристап до документи преку „м.Услуги“

    28.10.2026 во 08:12

    Германските инвеститори и Владата на иста маса за транспортот и бизнисот

    28.10.2026 во 08:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ребалансот на Буџетот пред пратениците – На маса 124 амандмани
    • Личната карта и возачката дозвола и на мобилен телефон – Полесен пристап до документи преку „м.Услуги“
    • Германските инвеститори и Владата на иста маса за транспортот и бизнисот
    • Ќе нема струја шест часа – Најавени прекини во повеќе делови на Скопје
    • Утринска магла и силен ветер – Есента зема замав
    • Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
    • Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
    • Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга, приведен маж од Гостивар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ребалансот на Буџетот пред пратениците – На маса 124 амандмани

    Ребалансот на Буџетот пред пратениците – На маса 124 амандмани

    28.10.2026 во 08:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година денеска треба да продолжи во собраниската Комисија за финансирање и буџет. За предлог-измените во второ читање се поднесени вкупно 124 амандмани.

    Со корекциите, буџетските приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што претставува намалување за околу 5,3 милијарди денари во споредба со претходниот план. Истовремено, расходите се предвидени на 420,5 милијарди денари, исто така пониско за 5,3 милијарди денари.

    Буџетскиот дефицит останува непроменет и изнесува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бруто-домашниот производ.

    При образложувањето на ребалансот на 8 октомври, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска посочи дека кај даночните приходи се предвидува намалување од 213,3 на 209,8 милијарди денари, или за 1,6 проценти.

    Најзначајната промена е кај акцизите, каде што очекуваните приходи се намалуваат од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Како причина министерката го наведе намалувањето на акцизите за бензините и дизелот, мерка што, според неа, треба да го ублажи ефектот од поскапувањето на нафтените деривати врз граѓаните и стопанството.

    Дополнително намалување од речиси две милијарди денари е предвидено кај неданочните приходи и донациите, главно поради одложената реализација на проекти финансирани од сопствените сметки на буџетските корисници. Кај приходите од персонален данок, данок на добивка, ДДВ и царини, очекувањата остануваат во рамките на планираното.

    На расходната страна, корекциите се однесуваат на стоките и услугите, субвенциите и капиталните инвестиции. Капиталните расходи се намалуваат за речиси 5,7 милијарди денари, што, според министерката, е последица на поместувањето на роковите за реализација на одредени инфраструктурни и други капитални проекти.

    Димитриеска-Кочоска нагласи дека, и покрај рационализацијата на трошоците, се обезбедуваат дополнителни средства за социјално ранливите категории и здравствените услуги. Продолжува и финансиската поддршка за општините и локалните инфраструктурни проекти.

    Проекцијата за економски раст во 2026 година останува 3,5 проценти, иако во првата половина од годината БДП забележа раст од 3,7 проценти. Министерката објасни дека прогнозата не е променета поради неизвесноста во светската економија и продолжените конфликти на Блискиот Исток и во Украина.

    Во текот на годината, државата треба да сервисира обврски во вкупен износ од 76,6 милијарди денари, вклучително и отплата на надворешниот и домашниот долг, како и обврски кон Развојната банка. Според Министерството за финансии, средствата за нивно редовно подмирување се предвидени преку планираното домашно и странско задолжување.

    Министерката оцени дека со задржувањето на дефицитот на истото ниво се одржува утврдениот фискален таргет, и покрај намалените приходи и мерките за поддршка на граѓаните и економијата.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Личната карта и возачката дозвола и на мобилен телефон – Полесен пристап до документи преку „м.Услуги“

    28.10.2026 во 08:12

    Германските инвеститори и Владата на иста маса за транспортот и бизнисот

    28.10.2026 во 08:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.