СДСМ за Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат
СДСМ откри нов скандал со расипничко трошење пари на грѓаните во општина Неготино, каде што за изградба на пазар се исплаќале астрономски суми. Ова го велат СДСМ преку соопштение до јавноста кое ви го пренесуваме во целост:
Според достапните податоци, општина Неготино склучила договор со фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ, омилена фирма на ДПМНЕ, во вкупна вредност од околу 420.000 евра за изградба на пазар, класифициран како „урбана опрема“.
Она што е крајно сомнително е делот за кровопокривачки работи.
За само еден квадратен метар сендвич панел, општината платила 10.000 денари, додека реалната пазарна цена, заедно со работната рака, не надминува 2.000 денари.
Тоа е разлика од 8.000 денари – или околу 130 евра – за секој квадратен метар. За 440 квадратни метри, тоа значи 60.000 евра повеќе од реалната вредност – само за покривот!
Овие податоци отвораат сериозни сомнежи за организирано испумпување пари на граѓаните.
Петпати повисоки цени за само една ставка во тендер е огромен скандал.
СДСМ бара итна истрага и одговорност!
Го повикуваме Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапат согласно своите надлежности и да го истражат овој случај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа