Алијанса за Албанците на Таравари останува во „Влен“

 

Лидерот на АА Арбен Таравари вечерва по состанокот на Централното председателство и раководствата на сите ограноци на партијата донеле одлука дека предлогот на другите лидери од Влен кандидатите за градоначалници да ги изберат и поделат самите лидери а не како што предлагала АА изборот да биде од сондажи односно анкети на граѓаните. Ние едногласно одлучивме и тоа е дефинитовно на локалните избори да одиме со свои кандидати и листи на градоначалници.

„И ултиматумот кој ни го поставија од Вреди а одговориме до денеска исто како и предлогот да сме седнеле ние лидерите да сме каѓеле кои ке бидат кандидатите за нас не е прифатлив и го отфрламе“, рече Таравари.

Тој рече дека ова не значи дека ја напуштаат Влен.

„Не излегуваме од коалицијата „Вреди“, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може четири-пет луѓе од „Вреди“ да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење“, рече Таравари.

Тој додаде дека за неговата партија е неприфатлив ултиматумот од партнерите во „Вреди“ околу кандидатите за градоначалници.

„И ултиматумот кој ни го поставија од „Вреди“, да одговориме до денеска, исто како и предлогот да сме седнеле ние лидерите, да сме кажеле кои ќе бидат кандидатите, за нас не е прифатлив и го отфрламе“, рече Таравари, кој не сакаше да потврди дали ова значи дека ја напуштаат владејачката коалиција и дали „Вреди“ по ова ќе опстои.

15.04.2025 - 23:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега