За ова се оди во затвор - Ако патувате во Грција не ги прекршувајте овие правила
Многу Македонци за празници и продолжени викенди ја одбираат Грција како најблиска локација каде може да уживаат, а истото се случува и кога станува збор за избор на дестинација за летен одмор.
Оние кои планираат да патуваат во Грција, треба да знаат дека соседната земја има строги правила за чие непочитување следат големи казни.
Од 15 до 17 часот и 30 минути се забранети работа и активности кои предизвикуваат бучава, гласно викање, свирење инструменти, врева на улица или во кафулиња, употреба на сирени.
За прекршување на правилата следи затворска казна до 5 месеци и парични казни.
Ноќниот мир трае од 23 часот до 07 часот наутро.
Мирните часови се на сила од 1 април до 30 септември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа