Потрагата заврши: Исчезнатото 12-годишно девојче од регионот пронајдено во Германија

 


Дванаесетгодишната Тиа Карахмет од Хрватска е пронајдена во Штутгарт, потврди за Дневник.хр нејзината кума Ивона Шпрингман. Девојчето последен пат било видено во недела навечер пред нејзината зграда додека си играло со пријателите, што предизвика голема загриженост кај нејзиното семејство и јавноста.

Кумата на Тиа ја сподели радосната вест, истакнувајќи дека девојчето е живо и здраво. Семејството сега чека полицијата да ја донесе Тиа дома.

„Ја пронајдоа и сè е во ред, таа е жива и здрава“, изјави Шпрингман, не криејќи ја среќата.

Таа откри дека семејството добило фотографија од непознати лица на која ја препознале својата ќерка, а веста за нејзиното пронаоѓање им ја потврдила и полицијата. Околностите за тоа како Тиа стигнала до Штутгарт остануваат непознати и се очекуваат дополнителни информации по нејзиното враќање дома. 

16.04.2025 - 12:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега