Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата слави проценти а граѓаните едвај врзуваат крај со крај

    СДСМ: Владата слави проценти а граѓаните едвај врзуваат крај со крај

    05.06.2026 во 10:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски прави уште една манипулација, уште една лага во економијата, зборува за раст на БДП во првиот квартал за 3,1%, но истовремено инфлацијата достигна 5,7%, се наведува во соопштението на СДСМ.

    Тоа во реалноста значи дека цените растат побрзо од економијата и дека граѓаните реално осиромашуваат.

    Кога со истата плата можете да купите помалку храна, помалку месо, помалку овошје и помалку основни производи, тогаш нема економски успех, туку намален животен стандард.

    Владата слави проценти, а граѓаните бројат се помалку денари во својот џеб, едвај врзвуваат крај со крај.

    Храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за околу 8%, инфлацијата во Македонија е речиси двојно повисока од онаа во еврозоната каде е околу 3%, странските инвестиции бележат пад за 60%, а јавниот долг со новите задолжувања се приближува до 11,1 милијарди евра.

    Раст кој се храни од инфлација не е развој. Раст кој се потпира на долгови не е успех.

    Вистински напредок има само кога граѓаните можат да купат повеќе со својата плата, кога животот станува подостоинствен и кога семејствата чувствуваат подобар стандард.

    Лагите на Мицкоски се распаѓаат кога граѓаните ќе ги видат своите празни  паричници, празни фрижидери и кога на каса во маркет не можат да ја наполнат кошицата.

    Затоа ни е потребна ЕУ, за подобар животен стандард на граѓаните. Бидејќи не е исто кога си изолиран и кога си дел од група држави што спроведуваат заеднички економски политики и мерки, со кои им помагаат на сите граѓани на Европа.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.