Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

    09.07.2026 во 17:05

    Уапсени 7 лица – полицијата ги фати со марихуана

    09.07.2026 во 17:02

    На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола

    09.07.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората
    • Уапсени 7 лица – полицијата ги фати со марихуана
    • На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола
    • Албанска полиција: На едно лице не му беше дозволен влез поради законски пречки, другите сами одлучија да не го продолжат патувањето
    • ЕК предлага ЕУ да може да воведува санкции за организиран криминал 
    • Трагедија кај Робово: Жена загина во сообраќајка откако се судрила со камион
    • Објавена е мапа: Ова се најкритичните места во Грција каде живее рибата-зајак
    • СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

    СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

    14.01.2026 во 10:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како што најавивме уште во декември дека постои дупка во буџетот од една милијарда евра и дека државата нема пари за функционирање, стигнува уште еден доказ. Наместо да ја признаат дупката во буџетот, тие новото задолжување го објавуваат како успех на Министерството за финансии за пласирање на еврообврзниците и како триумф на економијата! Владиното славење за новото задолжување на граѓаните, се посочува во соопштението од СДСМ.

    „Во моментот кога Владата се фали со „импресивната“ побарувачка од над 4 милијарди евра за десеттата еврообврзница во износ од милијарда евра, вреди да се потсетиме дека ова не е приказна за успех, туку за нужда.

    Што тоа значи за граѓаните?

    Повеќе долгови значат поголеми камати, помалку средства за социјални програми, здравство и образование и поголем ризик од криза ако глобалните каматни стапки пораснат.

    Прогнозите на СДСМ не беа празни зборови, туку реалност – дупката во буџетот постои и наместо да се фали со задолжувањето, Владата треба да објасни како ќе обезбеди одржливост на финансиите, без постојано потпирање на странските кредити.

    Министерството за финансии истакнува диверзифицирана база на инвеститори од Германија, САД и Велика Британија, конкурентни каматни стапки (3,875 % за четиригодишната и 4,750 % за осумгодишната транша) и доверба во реформските планови.

    Но под оваа сјајна фасада се крие сурова реалност, ова задолжување е директен одговор на проблемите со финансиите и буџетскиот дефицит.

    Оваа „доверба на инвеститорите“ што Владата ја слави всушност е сигнал дека земјата мора да се задолжи по цена на зголемување на вкупниот долг, кој веќе надминува 60 % од БДП според ЕУ-стандардите.

    Слично се случи и со контроверзниот заем од Унгарија во износ од милијарда евра во 2024 година, кој СДСМ го осудуваше како ризичен и политички мотивиран.

    Ова е уште еден доказ дека она што СДСМ го зборува веќе со месеци се остварува.

    Дефицитот не исчезна, само долговите се префрлени на идните генерации.

    Време е за одговорна политика, а не за спинување на долговите како победа“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

    09.07.2026 во 17:05

    СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората

    09.07.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.