СДСМ: Судот во Стразбур потврди, победи правдата и правната држава

СДСМ ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права, која потврдува дека апликациите на поранешните функционери на ВМРО-ДМПНЕ, на кои поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се обиде да им даде незаконски помилувања, се недозволени.

„Оваа одлука е важна, бидејќи Судот во Стразбур не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите на поранешниот политички естаблишмент од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја доведе Република Северна Македонија во состојба на заробена држава. Напротив, Судот смета дека нивните наводи се недозволени.

Аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени. ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур, и нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен“, велат од СДСМ во врска со донесената одлука н ЕСЧП.

„Оттука натаму, независната судска власт има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доведе до крај кривичните постапки кои се предмет на пресудата.

Владеењето на правото и правната држава во која одговорност пред законите е еднаква за сите без разлика на политичка, верска, национална или било каква припадност се врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично оштество“, додаваат оттаму.

16.02.2023 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега