СДСМ: Силна финансиска помош во време на криза, 400 милиони евра за граѓаните и компаниите

Владата предводена од СДСМ во време на криза презема навремени и ефикасни мерки за поддршка на граѓаните и домашната економија.
 
Пакетот од 26 мерки вредни 400 милиони евра е во насока на заштита на стандардот на граѓаните и помош на компаниите да ја задржат својата ликвидност и конкурентност.
 
Благодарение на овие мерки, денес горивата во Северна Македонија се најевтини во регионот.
 
Преку пакетот мерки веќе со мартовската пензија ќе започне исплатата на дополнителни 1.000 денари за пензионерите и таа ќе трае во следните три месеци.
 
Идентична помош ќе добиваат и околу 36.000 семејства приматели на гарантирана минимална помош.
 
Освен за граѓаните, сериозна поддршка е предвидена и за домашните компании, особено преку Развојната банка како што се:
 
Субвенционирање на договорна каматна стапка по кредити дадени од комерцијалните банки на деловни субјекти кои ќе ја реинвестираат добивката за 2021 година.
 
Финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојната Банка.
 
Финансиска поддршка преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства., како и користење на Гарантниот фонд преку Развојната Банка на Северна Македонија.
 
Сите овие мерки, како и претходните даваат реални и видливи резултати. Во време на криза растат платите, минималната плата расте на 18.000 денари а стапката на невработеност е под 16 отсто.

 

СДСМ преку институциите што ги предводи продолжува со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат повисок животен стандард за граѓаните и стабилна и развојна економија.
23.03.2022 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега