Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ обвинува: Нема пари за народот, а задолжувањата и трошоците растат

    10.11.2026 во 09:27

    Трамп прогласи крај на војната во Иран, но веднаш упати загрижувачко предупредување

    10.11.2026 во 09:23

    Нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Ги поврзаа Заев и Филипче со спорни милионски трансакции

    10.11.2026 во 09:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ обвинува: Нема пари за народот, а задолжувањата и трошоците растат
    • Трамп прогласи крај на војната во Иран, но веднаш упати загрижувачко предупредување
    • Нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Ги поврзаа Заев и Филипче со спорни милионски трансакции
    • ФОТО: Полицијата претресе скопјанец и веднаш го уапси – Имале што да видат и во домот
    • Дневен хороскоп: Нов предизвик за Овенот, романтично изненадување за Вагата
    • Останаа уште неколку дена: Полицијата ќе ве „удри по џебот” 45 евра за овој прекршок
    • Драма во Македонија: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Нови случаи на семејно насилство во Македонија: Претепана сопруга со децата, нападната и невенчана партнерка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ обвинува: Нема пари за народот, а задолжувањата и трошоците растат

    СДСМ обвинува: Нема пари за народот, а задолжувањата и трошоците растат

    10.11.2026 во 09:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ обвинува дека владините политики на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски придонесуваат за влошување на животниот стандард и раст на трошоците за живот. Од партијата реагираат на најновите податоци на Државниот завод за статистика, според кои инфлацијата во октомври изнесувала 3,3 проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека цените на мало бележат раст од 3,2 проценти.

    Од СДСМ посочуваат дека семејната потрошувачка кошничка во октомври надминала 70.000 денари, а со вклучена кирија достигнала околу 90.000 денари. Истовремено, минималната плата останува на 26.000 денари, поради што, според партијата, голем број семејства тешко ги покриваат основните месечни потреби.

    Како дополнителен показател за состојбата со работниците, СДСМ наведува дека од околу 540.000 вработени, приближно 180.000 примаат плата пониска од 31.200 денари месечно. Од партијата ја критикуваат Владата и за одбивањето на барањето минималната плата да се зголеми на 600 евра.

    Во реакцијата се отвора и прашањето за најавените поскапувања на електричната енергија и парното од следната година. Според СДСМ, во Буџетот нема доволно средства за мерки со кои би им се помогнало на граѓаните да се справат со зголемените трошоци.

    Опозициската партија ја обвинува Владата за лошо управување со јавните финансии, наведувајќи дека буџетот се соочува со недостиг од околу 900 милиони евра и дека се акумулираат нови задолжувања кои ќе ги враќаат и идните генерации.

    Од СДСМ упатуваат критики и за трошењето на јавните пари, обвинувајќи ја власта дека средствата се насочуваат кон, како што велат, сомнителни партиски тендери, наместо кон зголемување на платите и поддршка на граѓаните.

    Партијата порачува дека за состојбите со јавните финансии, животниот стандард и трошењето на буџетските средства мора да има одговорност пред граѓаните и надлежните институции.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Ги поврзаа Заев и Филипче со спорни милионски трансакции

    10.11.2026 во 09:14

    ФОТО: Полицијата претресе скопјанец и веднаш го уапси – Имале што да видат и во домот

    10.11.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.