Close Menu
Press24
    Најново

    Нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Ги поврзаа Заев и Филипче со спорни милионски трансакции

    10.11.2026 во 09:14

    ФОТО: Полицијата претресе скопјанец и веднаш го уапси – Имале што да видат и во домот

    10.11.2026 во 09:12

    Дневен хороскоп: Нов предизвик за Овенот, романтично изненадување за Вагата

    10.11.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Ги поврзаа Заев и Филипче со спорни милионски трансакции
    • ФОТО: Полицијата претресе скопјанец и веднаш го уапси – Имале што да видат и во домот
    • Дневен хороскоп: Нов предизвик за Овенот, романтично изненадување за Вагата
    • Останаа уште неколку дена: Полицијата ќе ве „удри по џебот” 45 евра за овој прекршок
    • Драма во Македонија: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Нови случаи на семејно насилство во Македонија: Претепана сопруга со децата, нападната и невенчана партнерка
    • Што доби македонската полиција од соработката со ОБСЕ: Тошковски се прости со амбасадорот Вал
    • Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Ги поврзаа Заев и Филипче со спорни милионски трансакции

    Нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Ги поврзаа Заев и Филипче со спорни милионски трансакции

    10.11.2026 во 09:142 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето на СДСМ, предводена од Зоран Заев, а во времето кога Венко Филипче бил дел од Владата, преку Еуростандард банка биле реализирани сомнителни финансиски трансакции со пари кои, според партијата, потекнувале од Венецуела.

    Од партијата тврдат дека првата транша од трансакциите изнесувала 110 милиони евра, додека вкупната сума што требало да биде префрлена преку банката достигнувала 1,6 милијарди евра.

    Во соопштението се споменува и македонска компанија која, според наводите на ВМРО-ДПМНЕ, купувала вештачко ѓубриво од фирма во Белорусија. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што биле замрзнати по барање на обвинителството.

    ВМРО-ДПМНЕ прави поврзаност и со, како што наведува, доделувањето пасоши и тендери на бизнисмени од странство во периодот на претходната власт, обвинувајќи дека нивните деловни интереси биле привилегирани.

    Партијата повторно ги отвора и прашањата за кредитите што преку Еуростандард банка ги добивале компании поврзани со семејството Заеви и нивни деловни партнери. Во тој контекст ги посочува „Сара инженеринг“, „Глобал медија груп“ и „Тритерол“, за кои тврди дека добиле милионски кредити што подоцна не биле вратени.

    Од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче за политичка одговорност и бараат одговори за наведените финансиски трансакции и деловни релации.

    „Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси“, наведуваат од партијата, додавајќи дека за ваквите случаи, според нив, мора да има одговорност.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Полицијата претресе скопјанец и веднаш го уапси – Имале што да видат и во домот

    10.11.2026 во 09:12

    Останаа уште неколку дена: Полицијата ќе ве „удри по џебот” 45 евра за овој прекршок

    10.11.2026 во 08:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.