СДСМ: Гордана Силјановска збунета во Собранието гласаше против волјата на граѓаните изразена на фер, слободни и демократски избори
Со гласањето против верификацијата на мандат на пратеникот Бедри Фазлиу, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска денеска во Собранието направи скандалозен преседан во историјата на македонската демократија, чин директно спротивен на демократската волја на граѓаните, велат од Социјалдемократскиот сојуз.
„Неодговорно, антидржавно и крајно опасно е пратеник во Собранието да гласа против верификација на мандат освоен на фер и демократски избори и потврден од Државната изборна комисија, при тоа очајно правдајќи се дека се збунила. Тоа е незериозен и аматерски однос кон Собранието, кон пратениците и кон граѓаните. Дали Силјановска гласаше против само затоа што во парламентот треба да влезе граѓанин Албанец или свесно отиде против волјата на граѓаните изразена на фер, слободни и демократски избори?,“ прашуваат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа