Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

    СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

    20.10.2025 во 12:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иако ова не е посакуваниот резултат за СДСМ, но бележиме стабилизација и раст во повеќе општини. Вкупниот број гласови покажува дека СДСМ ја намлува разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а ја заголемува во однос на ЗНАМ и држи стабилна предност пред Левица. Ова јасно укажува дека вкупниот амбиент се менува, велат од СДСМ. 

    „ВМРО-ДПМНЕ попусто се обидува да прикаже огромен триумф, кога реалноста е дека бројките покажуваат голем пад во довербата во владините партнери. 

    И покрај сите притисоци, уцени, поткуп и злоупотреба на сите полуги на власта, ВМРО-ДПМНЕ изгуби речиси 140.000 гласа од минатогодишните избори. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ падна дури и под резултатот од 2021 година. Заедно со ЗНАМ, владејачките партии изгубија над 155.000 гласови. 

    СДСМ ќе продолжи да работи на консолидација на партијата и победа во повеќе општини во вториот круг. Имаме солидни резултати во повеќе општини, но и места каде што во иднина мора да се работи за зголемување на поддршката. Со оглед на фактот што на овие избори имаше низа независни кандидати и листи кои, пред сè, одземаа гласови од опозицијата. 

    Во вториот круг СДСМ го зголемува својот коалиционен капацитет, коалицијата на СДСМ со граѓаните и со другите партии од опозицијата допрва ќе расте

    На ВМРО-ДПМНЕ им порачуваме, наместо да се бават со СДСМ и бараат оставки, да се соочат со фактот дека нивните политики во изминатата година се катастрофални а падот на гласови се должи токму на тоа.

    СДСМ продолжува веќе од утре со кампањата. Ги повикуваме сите наши членови и граѓаните кои гласаа за други кандидати што не влегоа во вториот круг, масовно да ја дадат поддршката за нашите кандидати“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.