СДСМ: Благодарение на Владата на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25%

Благодарение на Владата на СДСМ и политиките во земјоделскиот сектор, за првпат во 2024 година лозарите добиваат загарантирана откупна цена. Во Март 2024 година се донесе новиот закон за Вино каде што за првпат се утврдува гарантирана цена која се добива со пресметка на производната цена и нејзино зголемување за 25%, велат од СДСМ. 
 
„За жал, иако ова решение кое беше донесено заедно со лозарите и винариите, деновиве по објавувањето на производната цена може да се воочи незадоволството и кај лозарите и кај откупувачите, пред се заради нетранспарентниот пристап со што останува нејасно како и врз основа на кои параметри во еден исклучително краток период е дојдено до оваа пресметка. Во периодот пред нас започнува и екот на бербените активности. 
 
Ја повикувам Владата и ресорното министерство да ја реализираат исплатата на дополнителните субвенции од 1 денар за предаден килограм грозје од реколта 2023 година. 
 
Од голема корист на земјоделците, а пред се на лозарите ќе биде започнувањето на распределбата на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација т.н зелена нафта. 
 
Со донесувањето на програмата за земјоделство на почетокот на 2024 година, Владата на СДСМ обезбеди 10 милиони евра за поевтина нафта за земјоделците. Со оваа мерка за лозарите се обезбедени 9600 денари / хектар. 
 
Внимателно ќе го следиме целокупниот процес на откуп на грозјето од реколта 2024 година и ќе предлагаме мерки и политики за оддржување на благосостојбата на лозарскиот и винскиот сектор“, стои во соопштението на СДСМ.

 

07.08.2024 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега