Се сретнале да разговараат за раскинување на врската, по што партнерот со остар предмет ја нападнал партнерката и се обидел да ја силува


Вчера во 17.00 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 02 часот Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом во Штип ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба.


Според пријавителката, таа дошла во домот на Б.Т. по претходен договор со намера да разговараат околу раскинувањето на нивната долгогодишна врска, но настанала расправија по што Б.Т. ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

09.09.2024 - 17:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега