Ахмети: На 33-годишнината од независноста, македонските политички елити да работат за почит и еднаквост помеѓу заедниците
Претседателот на Демократската унија за интеграција ја одбележа 33-годишнината од независноста на Северна Македонија со статус на својата Фејсбук страница каде испрати политичка порака за политичките актуелности во државата.
„Пред 33 години Албанците се радуваа на одвојувањето од Југославија и ја креваа надежта за изградба на нова држава еднаква за сите.
Но, тоа не се случи, новата македонска држава го продолжи српското наследство во Југославија, третирајќи ги Албанците како граѓани од втор ред. Ова доведе до војната во 2001 година и Охридскиот мировен договор.
23 години подоцна, гледаме дека сè уште има тенденции за мајоризација, за непочитување на демократската волја на Албанците од страна на партијата што ја претставува мнозинската заедница, за нарушување на етничкиот легитимитет со цел да се создадат слуги кај Албанците за нивната моноетничка политика.
Затоа, на оваа годишнина од независноста, ценам дека македонските политички елити треба да бидат свесни за големата одговорност што ја имаат во градењето на државата, почитувајќи ја политичката волја на Албанците и еднаквоста, бидејќи оваа држава ни припаѓа на сите нас и не може да биде изграден без почитуван етнички легитимитет“, вели Али Ахмети.
08.09.2024 - 16:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа