Пукање во Количани, скопско - приведени две лица


Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје, Х.А.(23) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот во селото Долно Количани-скопско додека се движел со своето возило „фолксваген шаран“ заедно со неговиот роднина О.Ј., бил запрен од неколку лица, при што од едно лице на моторцикл во воздух биле испукани неколку куршуми од огнено оружје.

Потоа пријавителот се упатил кон селото Горно Количани, каде што, според пријавеното, повторно бил запрен од лицата, при што еден од нив со пиштол почнал да му упатува закани.

Исто така, на 08.09.2024 во 20.30 часот Е.Б.(19) од село Долно Количани пријавил во СВР Скопје дека истиот ден околу 13.40 во Долно Количани, додека имало веселба среде селото, бил навредуван заради паркинг место од Б.Ј., кој потоа со патничко возило „ауди“ што го управувал удрил во друго паркирано возило.

Според пријавителот, по кратко време, во чајџилницата каде што тој се наоѓал, дошол О.Ј. со друго лице кое се претставило како полициски службеник Х.А. и го прашале пријавителот да објасни што се случило, и кога Е.Б. почнал да објаснува, Б.Ј. од пиштол испукал неколку куршуми во воздух.

Потоа, според пријавеното, О.Ј. му го одзел пиштолот на Б.Ј. и двајцата се дале во бегство. О.Ј. и Б.Ј. се приведени и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

09.09.2024 - 17:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега