Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ бара оставки по труењето во Гостивар: „Институциите молчеа додека граѓаните пиеја загадена вода“

    СДСМ бара оставки по труењето во Гостивар: „Институциите молчеа додека граѓаните пиеја загадена вода“

    22.07.2026 во 08:453 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан. Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата“ над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Наместо веднаш да реагираат, здравствените и инспекциските органи со недели молчеле и дозволиле граѓаните да  конзумираат фекално загадена вода- се наведува во соопштението на СДСМ.

    -Уште пострашно е што, и покрај сознанијата дека водата е загадена, само неколку дена пред отворањето на истрагата, институциите јавно ја прогласија водата за безбедна. Истрагата не е иницирана од здравствените институции, туку Основното јавно обвинителство морало да постапи по допрен глас.  Ова само по себе говори за целосен институционален колапс.Најсериозниот проблем, меѓутоа, е однесувањето на Обвинителството. Нивното инсистирање на “тајност на истрагата” како изговор за непреземање мерки за заштита на јавното здравје претставува опасна замена на тези, велат СДСМ.

    Партијата вели дека квалитетот на водата за пиење не е истражна тајна.  Тоа е јавно-здравствен факт кој во секој момент мора да биде познат на граѓаните. 

    -Објавувањето на забрана за пиење на водата поради микробиолошки отстапувања апсолутно немаше никако да ја компромитира истрагата. Наместо тоа, ОЈО тактизирало, а здравствените власти молчеле, дозволувајќи епидемијата да се прошири.  Резултатот е масовно труење со над 3.100 регистрирани пациенти.Сите кои учествувале во прикривање на информациите за квалитетот на водата, а потоа и во прикривање на доказите, како и оние кој имале индиции за загаденоста на водата а не превзеле ништо за превенција и заштита на здравјето на гостиварчани, мора да сносат не само морална, туку и кривична одговорност.

    Ова се однесува на целиот синџир на одговорност:

    •  Министерот за здравство

    •  Институтот за јавно здравје

    •  Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)

    •  Локалните центри за јавно здравје

    •  Сите службени лица кои имале обврска да дејствуваат, а свесно не го сториле тоа.

    Наместо да се кријат зад „тајност на истрагата“, овие институции и нивните раководители треба веднаш да понесат одговорност, велат СДСМ.

    Повикуваат на итни оставки од Министерот за здравство, директорот на Институтот за јавно здравје, како и од сите одговорни лица во синџирот кои со своето непостапување и прикривање директно придонесоа за масовното труење на граѓаните на Гостивар.

    -Ставањето на формална процедура над човечкото здравје и живот е и правно и етички неприфатливо.  Здравствените институции немаат право да ја користат тајноста на истрагата на обвинителството како изговор за сопственото непостапување., стои во партиското соопштение.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.