Сандра Газинковски: На Словенија и требаше Слобода, мој политички ангажман ќе биде и да и помогнам на Македонија

 


Сандра Газинковски, Македонка, борец за Слобода и општествени промени е правата Македонка пратеничка во словенечкиот Парламент. Беше избрана на последните избори, како кандидат на партијата што го собори Јанез Јанша од власт. Освои речиси двојно повеќе гласови од нејзиниот главен противкандидат.

-Во Словенија мораше да се случи СЛОБОДА. Со години на политичката сцена имаме исти луѓе кои опшетвото го оставаат на апарати за преживување. Власта нема задача единствено да се занимава со патна инфракстотура и онаа што и е обрска кон народот да го воспева како свој успех, вели Сандра Газинковски, во интервју за Прес 24.

Сандра освен што е активна политички во словенечкото општество, таа е активна и во подигањето на македонскиот црковен дух во Словенија, како сопруга на свештеникот на МПЦ-ОА во Словенијата. Мајка е на три деца.

Вели дека во Словенија има се повеќе Македонци кои се дел од МПЦ-ОА, благодарение и на ангажманот на надлежниот владика г. Пимен.

-Одлично се развива, има многу верен народ кој се црквува, и знам дека желба на свештениците, а и на сите нас како верници е во скоро време да почнеме со изградба на наша Црква во некој од поголемите градови.Помина еден тежок период, ама со помошта и подршката  на отец Пимен и верниот народ, залагањето од страна на мојот сопруг  Црквата живна и уште расте, вели Сандра Газинковски во интервјуто за Прес 24.

ПРЕС 24: Како се случи да влезете во словенечката политика и дали практично сте прва пратеничка Македонка во словенечкиот парламент?

ГАЗИНКОВСКИ: Во политиката влегов уште пред скоро четири години, кога се кандидирав и бев изгласана на локално ниво како советничка во градскиот совет, како член на една (непартиска) листа. Овој мандат оваа година во ноември завршува и секако дека повторно ќе се кандидирам, овој пат како член на политичката партија ДВИЖЕЊЕ СЛОБОДА. Препознавајќи ја мојата активност и успех на одредени полиња, од локалната политиката, добив покана да се приклучам во движењето Слобода и воедно да се кандидирам за пратеничка во Парламентот, како пратеник од Крањ, што со задоволство ја прифатив.

Во Словенија има повеќе наши сонародници Македонци кои се активни во политиката како на локално така и на државно ниво . Не сум сигурна и нека ми простат, но  мислам дека сум прва Македонка во Парламентот на Р. Словенија , како пратеник.

ПРЕС 24: Имате ли претходно политичко искуство?

ГАЗИНКОВСКИ: Како што спомнав претходно, целото политичко искуство се сведува на последните четири години во локалната политика и како член во комисијата за социјални работи, здраство и образование и член во Советот на заводот во градинките од Крањ,секако ако овде не ја напоменам желбата уште од основношколските денови, за работа во политиката 

ПРЕС 24: Зошто токму изборот со новото движење Слобода?

ГАЗИНКОВСКИ: Во Словенија мораше да се случи СЛОБОДА. Со години на политичката сцена имаме исти луѓе кои опшетвото го оставаат на апарати за преживување. Власта нема задача единствено да се занимава со патна инфракстотура и онаа што и е обрска кон народот да го воспева како свој успех.  Новото движење ветува дека ќе има измени и дека ќе ги слуша граѓаните и нивните инцијативи, ќе придонесе кон поквалитетен социјален живот, посветеност на сите стаорсни групи во општеството, еднакви сите без разлика од каде доаѓаме и потекнуваме... Затоа кога ме поканија да се придружам, знаев дека сакам да бидам дел од промените и  без двоумење прифатив.

ПРЕС 24: Останувате во Парламентот или можеби ќе следува повисока функција во идната извршна власт на Словенија?

ГАЗИНКОВСКИ: Мислам дека за почеток ќе останам во пратеничкиот стол, што незначи дека во иднина нема да градам искуство и знаење со аспирации за повисока и водечка позиција

ПРЕС 24: Какви се ставовите на Вашата политичка партија, која ќе биде сега и владеачка партија, во поглед на македонските евроинтеграции и блокадата од Бугарија на тој пат?

 ГАЗИНКОВСКИ: Моментано се во тек преговорите  за формирање на новата Влада и потврда на Парламентот. Мислам дека за почеток ќе пробаме да ги средиме работите на домашниот терен, а потоа ќе разговараме и изградиме став по македоското прашање. Секако дека таа тема ќе ми биде многу важна и ќе се залагам да помогнам секако во позитивна насока за Македонија.

ПРЕС 24: Зошто се случаија промените во Словенија?

ГАЗИНКОВСКИ: Затоа што веќе 30 години слушаме истите ветувања од истите луѓе. На општеството им е доволно да има ветувања, а да нема резултати. После Ковид 19 и сите мерки кои што беа претерани луѓето рекоа НЕ на сите што беа во Парламентот до сега.

ПРЕС 24: Од каде е Вашето потекло, колку време сте во Словенија?

ГАЗИНКОВСКИ: Јас сум родена во Словенија. Таткоми е роден во с.Митрашинци, Берово , а мајками во Кнежево градче во близината на Бања Лука, БиХ. Тие  се запознале  во Крањ и тука останале.

ПРЕС 24: Вие сте сопруга на македонскиот свештеник во црквата на МПЦ-ОА во Словенија, како се запознавте?

ГАЗИНКОВСКИ: Да така е. Мој сопруг е Протоереј Митко Газинковски. Се познаваме од мали нозе, од летните одмори каде што заминувавме секоја година со родителите, во селото на таткоми од каде што е родум и Митко.

ПРЕС 24: Како тој гледа на вашиот политички ангажман?

ГАЗИНКОВСКИ: Он ми е најголемата поддржка. Знае колку многу значи подршката од најблиските кога остваруваш и градиш нешто за кое имаш желба уште од детството, во периодот кога се поставуваше Македоската Православна Црква на нозе безрезервно го поддржував, а ете денес е така и од негова страна. Свесен е дека тоа ми е желба и дека имам цел, да изградиме здраво опшество во кое ќе растат и нашите три дечиња.

ПРЕС 24: Како се развива Македонската црква во Словенија, каква е соработката со надлежниот епископ г. Пимен?

ГАЗИНКОВСКИ: Прво ќе пробам да одговорам на второто прашање.Уф, односот со дедо Пимен во никој случај не би го нарекла соработка. Тоа е една двострана љубов, разбирање, татковски однос кон сите нас, и пред се огромна подршка и потпора низ сите животни збиднувања.Едноставно дел е од нас како семејство, а верувам дека и скоро во цела Епархија Европска е така, просто ни носи позитивна енергија и радост.

Што се однесува на Македонската Православна  Црква во Словенија, пред да биде поставен за надлежен Митрополит  отец Пимен, а и пред да биде поставен о. Митко за редовен  свештеник немаше некој посебен развој, двапати годишно имавме Богослужби со свештеник дојден од Македонија, за Божиќ и Велигден обично.

Денес е се подруго, редовни Богослужби, преуредини изнајмени Цркви, еве од скоро и уште еден свештеник редовен, отец Дејан на приморскиот дел од Словенија.

Одлично се развива, има многу верен народ кој се црквува, и знам дека желба на свештениците, а и на сите нас како верници е во скоро време да почнеме со изградба на наша Црква во некој од поголемите градови.

Помина еден тежок период, ама со помошта и подршката  на отец Пимен и верниот народ, залагањето од страна на мојот сопруг  Црквата живна и уште расте.

ПРЕС 24: Чинам дека покрај Вас, пред извесно време од Словенија европратеник стна исто девојка по потекло од Македонија, Ирена Јовева. Значи ли тоа дека словенечкото општетство е ослободено од предрасуди, како сте прифатени таму?

ГАЗИНКОВСКИ: Би можела да кажам дека нема предрасуди, нормално како и во секое општество  има еден дел на луѓе кои секако не се задоволни со ништо, па секако ние сме на удар како дојденци, но наше е да се трудиме и еманципираме, работливи и вредни сме.

Со Ирена Јовева се знаеме уште од детство се слушаме постојано, верувам дека имаме иста цел, подобро општество и квалитетен живот за сите.

05.05.2022 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега