Close Menu
Press24
    Најново

    „Сакам да работам до премиерот“: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?

    17.05.2026 во 15:44

    Израел ја чека одлуката на Трамп за нова офанзива

    17.05.2026 во 15:38

    Вашингтон со пет клучни услови до Иран за нуклеарната програма и замрзнатите средства

    17.05.2026 во 15:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Сакам да работам до премиерот“: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?
    • Израел ја чека одлуката на Трамп за нова офанзива
    • Вашингтон со пет клучни услови до Иран за нуклеарната програма и замрзнатите средства
    • Сообраќајна несреќа со три возила кај Штип: Тешко повредена педесетгодишна жена
    • Трамп објави AI-фотографија со порака „затишје пред бура“
    • Филипче објави Фронтот за вистина и правда!
    • Се скарале за паркинг: Старец со пиштол пукал кон брат му во скопско
    • Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Сакам да работам до премиерот“: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?

    „Сакам да работам до премиерот“: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?

    17.05.2026 во 15:443 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во замката на дежурните критичари на игрите на среќа кои многу долг период водат офанзивна битка против легалните игри на среќа. Легалните игри на среќа веќе со години се предмет на невидена негативна кампања во која се користат сите дозволени и недозволени средства за оцрнување и обид за нивно дефинирање како најголеми општествени штетници. Притоа, свесно се игнорираат аргументите кои јасно и недвосмислено, преку конкретни примери од соседството, ставаат до знаење какви последици имаат државите каде игрите на среќа биле забранети одреден временски период. Она што е симптоматично е што дежурните критичари манипулираат со податоци кои внесуваат страв и паника меѓу родителите создавајќи лажна перцепција дека приредувачите на легалните игри на среќа имаат економски интерес малолетници да влегуваат во нивните објекти. Можеме да ги броиме и објектите за игри на среќа во центрите на повеќе европски метрополи, каде дел од домашните критичари гордо позираат и се фотографираат кога се туристи.

    Една од асоцијациите јавно соопшти дека се согласува со намалување на големината на светлечките реклами на легалните објекти за игри на среќа како дополнителен придонес во градењето сигурност дека младината е безбедна. Интригантно прашање е зошто се премолчува  една клучна одредба од предлогот на Владата што во целост ја поништува суштината на дистанцата од 500 метри. Зошто државата го задржува правото да организира онлајн игри на среќа што преку мобилните уреди и интернетот се достапни секаде и во секое време?  

     Ние одамна тврдиме дека со воведување дистанца ќе се постигне целосно затворање на легалните објекти, што секако е внесување на приредувањето на игри на среќа во црна зона во која ќе почнат да се организираат во подруми, како во 90-те години од минатиот век, без никаква контрола од државата, каде младината ќе биде под поголем ризик. Во Македонија се применува Закон за игри на среќа, кои е еден од најстрогите во регионот и пошироко и содржи европски и светски стандарди за регулирање на оваа економска гранка, а особено за забрана на влез на малолетници во сите легални објекти со лиценци за приредување игри на среќа. 

    Одговорно тврдиме дека како здружение не сме консултирани за предлогот на Владата, ниту сме биле запознаени со содржината пред да биде објавен. Нема никаква дилема дека законското решение кое влегува во собраниска процедура ни ја запечатува судбината. Подготвени сме на средба во Владата да му ги презентираме сите факти на Премиерот за да го увериме дека ваквото решение ќе остави најмалку 10 илјади луѓе без работа и ќе создаде 35 илјади нови кандидати за иселување од Македонија.

    Прочитај повеќе

    Сообраќајна несреќа со три возила кај Штип: Тешко повредена педесетгодишна жена

    17.05.2026 во 15:17

    Филипче објави Фронтот за вистина и правда!

    17.05.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.