Close Menu
Press24
    Најново

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11

    ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини

    29.10.2026 во 19:00

    Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација

    29.10.2026 во 18:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт
    • Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рокас: Нема никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види државата како полноправна членка на ЕУ

    Рокас: Нема никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види државата како полноправна членка на ЕУ

    22.07.2026 во 11:323 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската Унија останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас.

    За време на обраќањето на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, тој ја потврди позицијата на Брисел:

    „Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ“, рече Рокас.

    Евроамбасадорот посочи дека процесот на проширување е во полн ек и дека изминатиот период се одржале повеќе меѓувладини конференции со Албанија, Украина, Молдавија и Црна Гора.

    Според него, Франција и Германија биле двигатели на иницијативите за забрзување на пристапувањето, со цел кандидатите постапно да добиваат пристап и до внатрешниот пазар:

    „Франција и Германија беа двигатели на оваа иницијатива, а целта е заедничка за сите: да се забрза процесот на пристапување, да се исполнат сите неопходни предуслови, но истовремено и земјите кандидати постепено да добијат поголем пристап до внатрешниот пазар на ЕУ. Токму затоа, паралелно работиме и на тој процес“, рече Рокас.

    Во однос на домашните капацитети, тој ја поздрави законодавната работа на Собранието и подготвеноста на институциите за спроведување на неопходните реформи:

    „Без двоумење можам да кажам дека земјата покажа дека има капацитет да спроведува реформи. Би сакал да ја поздравам работата што е завршена во Собранието, особено во однос на законите што се донесуваат во овој дом. Секако, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, сметаме дека успешно можеме да ве подготвиме за пристапување кон ЕУ“, додаде Рокас.

    Како клучен предуслов за сите кандидатски земји, тој го издвои владеењето на правото, нагласувајќи дека тука не може да има никакви компромиси:

    „Предуслов за отворање на преговарачките поглавја е исполнувањето на строгите критериуми, особено во делот на владеењето на правото и нивната целосна имплементација. Тоа се стандардни процедури што важат за сите земји кандидати“, истакна евроамбасадорот.

    Рокас додаде дека е неопходно судството да биде кадровски и финансиски зајакнато и ослободено од политички влијанија, со обезбеден соодветен буџет.

    Покрај тоа, тој повика на широк политички консензус меѓу партиите, особено за промените во Изборниот законик и Кривичниот законик:

    „Јас сум речиси две години овде и гледам дека постои простор за дискусии, па и за политички несогласувања по многу прашања. Но, кога станува збор за овие клучни реформи, многу е важно, секако и со наша поддршка, да се постигне широк политички консензус“, истакна евроамбасадорот.

    Во однос на финансиите, Рокас најави дека досегашните ИПА-фондови во сегашната форма ќе бидат заменети со нови механизми за поддршка во рамки на идната повеќегодишна рамка на ЕУ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација

    29.10.2026 во 18:44

    Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога

    29.10.2026 во 18:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.