Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » РКЕ ги издаде првите лиценци за батериски системи: Започнува нов инвестициски циклус во енергетиката

    РКЕ ги издаде првите лиценци за батериски системи: Започнува нов инвестициски циклус во енергетиката

    10.10.2025 во 10:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање електрична енергија од обновливи извори на компанијата „Енерго солар системи“.

    Како што информира РКЕ, станува збор за два батериски система со вкупна инсталирана моќност од 2600 киловати,  инсталирани во склоп на две различни фотонапонски електроцентрали кои се веќе изградени и во функција.

    Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски истакнува дека издавањето на овие лиценци во кои се вклучени батериски системи за складирање електрична енергија „го означува почетокот на еден нов инвестициски циклус во енергетиката“.

    -Воведувањето на батериите во пракса значи забрзана енергетска транзиција преку создавање одржлив, ефикасен и еколошки енергетски систем во земјава. Во РКЕ очекуваме голем број сопственици на ФЕЦ да поднесат барање за инсталирање на „сториџи“, но исто така очекуваме интерес да пројават и компании кои би биле самостојни оператори на складишта само со батериски системи. Употребата на батериите ќе придонесе за сигурно и доверливо функционирање на системите, а едновремено и за економски посигурен и поефикасен енергетски пазар. Тие можат да даваат услуги на операторот на електропреносниот систем за балансирање на истиот, како и одржување на одредени параметри на мрежата во пропишани граници. Складирањето енергија во периоди кога има вишок и нејзино користење во периоди кога потребите од електричната енергија се зголемуваат се очекува да влијае и врз намалување на вкупните трошоци во системот, посочува Бислимовски. 

    Условите, постапката и потребната документација за добивање  лиценца за складирање електрична енергија се уредени во Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.