Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристески пресече: Оваа година нема предвремени избори, се оди на редовни во 2028 година

    Ристески пресече: Оваа година нема предвремени избори, се оди на редовни во 2028 година

    07.05.2026 во 10:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во емисијата „Анализа“ на телевизија 24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, кој истакна дека годинава нема да има предвремени парламентарни избори, односно дека ВМРО-ДПМНЕ се стреми за редовни избори во 2028 година и дека приоритет остануваат реформите, евроинтеграциите и реализацијата на проекти ветени пред граѓаните.

    „Оваа година нема да има дефинитивно предвремени парламентарни избори, бидејќи оваа година ни е реформска година каде што ние и пред граѓаните и пред европската јавност треба да испорачаме она што сме ветиле пред граѓаните и она што сме се обврзале кон нашите европски партнери во делот на евроинтеграциите односно реформската агенда. Изборите редовни се во 2028 година, оваа година предвремени парламентарни избори нема да има, но ВМРО-ДПМНЕ е спремно секогаш да излезе на избори, бидејќи она што сме го ветиле ние сме го оствариле“, рече Ристески.

    Пратеникот Ристески посочи дека во изминатиот период е реализиран значаен дел од предизборната програма, наведувајќи ги како примери двојното зголемување на пензиите, потпишаните колективни договори во здравство и образование, притоа нагласувајќи го и инфраструктурниот бум низ целата држава.

    „Голем дел од проектите кои ги ветувавме од предизборните ветувања кои ги имавме пред граѓаните веќе ги завршивме тоа се зголемување на пензиите на два пати, еднаш 5000 денари и потоа за уште 2000 денари, значи вкупно 7000 денари, потпишани колективни договори со синдикатите во здравство, во образование, тоа значи зголемување на платите до 2028 година до 60%, инфраструктурен бум со проекти на територијата на цела држава, што значи дека она што сме го ветиле ние во голем дел сме го реализирале во изминативе скоро две години, така да сме посветени апсолутно на исполнување на реформската агенда, на евроинтеграциите и  на завршување на проектите кои сме ги ветиле пред граѓаните. Тоа е приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Ристески.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.