Close Menu
Press24
    Најново

    Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел

    30.10.2026 во 14:02

    Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка

    30.10.2026 во 13:48

    Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк

    30.10.2026 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
    • Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка
    • Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк
    • Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
    • Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
    • Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
    • Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
    • Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рама прави чистка во Владата

    Рама прави чистка во Владата

    26.02.2026 во 22:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Албанскиот премиер објави реконструкција на владата „Рама 4“, формирана во септември минатата година по парламентарните избори одржани во мај. Промените опфаќаат повеќе министерства и значајни кадровски рокади во извршната власт.

    Од Владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која е осомничена за корупција од страна на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК). Нејзината позиција вицепремиер ќе ја преземе актуелната министерка за внатрешни работи, Албана Кочиу.

    Во рамки на реконструкцијата повторно се формира Министерството за инфраструктура и енергетика, на чие чело ќе застане Енеа Каракачи. Поранешниот амбасадор на Албанија во Европската Унија, Ферит Хоџа, е именуван за министер за Европа и надворешни работи, функција што досега ја извршуваше Елиса Спиропали.

    Промени има и во ресорите правда и внатрешни работи. Бесфорт Ламалари ја напушта функцијата министер за правда и преминува на позицијата министер за внатрешни работи, додека Министерството за правда ќе го води Тони Гогу.

    Реконструкцијата ја опфаќа и одбраната, каде Пиро Венгу заминува од министерската функција, а негов наследник ќе биде Ермал Нуфи. За министерка за односи со Парламентот е назначена Ерјона Исмаили.

    Прочитај повеќе

    Воен хеликоптер се урна кај Брчко, загинаа четири лица

    30.10.2026 во 09:51

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.