Путин ги повика војниците на Азов: Оставете го оружјете, гарантирам за вашите животи

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Мариупол е ослободен и нема повеќе борби, а притоа ги повика борците на Азов и маринците да се предадат.

Огромната фабрика за челик „Азовстал“ е последната локација која е контролирана од воените сили на Украина во Мариупол.

Путин му кажа на Реџеп Таип Ердоган дека Киев треба да преземе одговорност за војниците во фабриката, при што ги повика војниците да се предадат.

„На сите воени затвореници им гарантиме за животот, медицинската нега и третман во согласност со меѓународните стандарди“, кажа Путин.

26.04.2022 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега