Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прв училишен ден за 551 прваче во Центар: Бесплатни ранци и униформи за учениците

    Прв училишен ден за 551 прваче во Центар: Бесплатни ранци и униформи за учениците

    01.09.2026 во 10:422 Mins Read
    Општина Центар
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новата учебна 2026/2027 година денеска започна за 551 прваче во осумте општински основни училишта во Општина Центар.

    По повод првиот училиштен ден, градоначалникот Горан Герасимовски го посети ООУ „11 Октомври“, каде ги поздрави најмладите ученици, нивните родители и наставниците.

    Герасимовски им посака успешен почеток на школувањето, нагласувајќи дека првиот училиштен ден е важен момент кој останува во сеќавање.

    „Денес нашите 551 прваче го започнуваат едно од најубавите животни патувања. Ќе учат, ќе стекнуваат нови пријателства, ќе го откриваат светот и ќе растат во личности со свои соништа и вредности. Наша обврска е да им ги обезбедиме најдобрите можни услови“, порача Герасимовски.

    Од Општина Центар информираат дека и оваа учебна година продолжуваат мерките за поддршка на учениците и нивните семејства.

    Сите првачиња добиваат бесплатни ранци, додека учениците од прво до деветто одделение ќе добијат бесплатни училишни униформи. Од годинава започнува и субвенционирањето на оброците за учениците од прво до трето одделение, со намера до крајот на мандатот оброкот да биде целосно бесплатен.

    За учениците од погорните одделенија се најавува и воведување бесплатни екскурзии.

    Паралелно со мерките за поддршка, Општината продолжува со инвестиции во училиштата, подобрување на условите за настава и спорт, како и со активности за поддршка на талентираните ученици.

    Герасимовски нагласи дека целта е училиштата да бидат средина во која децата ќе стекнуваат знаење, но и ќе ги развиваат вредностите на почитување, толеранција и солидарност.

    „Сакаме училиштата да бидат места без насилство и булинг, а со повеќе другарство и меѓусебна поддршка. Грижата за учениците не е само проект, туку наша обврска и инвестиција во иднината“, истакна градоначалникот.

    На првачињата им посака здравје, среќа, нови пријателства и многу успеси, а на родителите и наставниците успешна учебна година.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.