Приведен скопјанец - ќе лежи пет години во затвор


Полицијата денеска во 14:10 часот на улица „Ѓорче Петров“  во Скопје го лишила од слобода Р.Р. (50) од Скопје.

Како што соопшти МВР, Р.Р. бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

02.10.2024 - 15:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега