Невреме со дожд, грмежи и силен ветер: Временска прогноза за претстојниот викенд


Под влијание на циклонска активност во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 18 , а максималните дневни ќе достигна 26 степени.

02.10.2024 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега