Во целосен прекин сообраќајот пред Демир Капија

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ известува дека ќе се изведува реконструкција на десната тунелска цевка од Тунел 1 на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица.

На Р-110, од клучка кај с. Тремник до клучка Демир Капија, од вчера сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува преку автопатот поради градежни работи.

02.10.2024 - 09:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега