По еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
По еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
35.000 туристи од Германија, Франција и Велика Британија ќе ја посетуваат Македонија. Германската компанија РСД во договор со Владата ќе носи по еден авион туристи во земјава секој ден.
Станува збор за балканска тура која ќе почнува од Скопје. Туристите од Македонија, ќе патуваат во Црна Гора и Албанија, а потоа ќе се вратат тука. Една тура би значела по четири ноќевања во државата.
-Во февруари почнуваат со по еден авион туристи кои ќе доаѓаат од Германија, Франција и Велика Британија. Според просекој што досега е направен врз основа на искуството тоа би значело околу 30 милиони евра директни трошења од овие туристи. Тука го вкалкулираме и сместувањето, превезот, и може да се дојде до 50.000 евра, рече премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата.
Овие туристи би биле од 10 до 15 отсто од вкупниот број на странски туристи кои ги имаме во моментов. А ќе значат дополнителни 140.000 ноќевања годишно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа