Вчера во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Приведен камионџијата која вчера прегзи пешак на патот Прилеп-Градско
- Тажен крај на потрагата: Познатиот полски јутјубер пронајден мртов во Хрватска
- Голема ајкула забележана во близина на популарни плажи
- ВМРО-ДПМНЕ бара од партиите да го осудат говорот на Петрова Чамова: Во Македонија живеат Македонци, но Северномакедонци нема
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја поддржува и бугарската позиција дека Македонија нема проблем со источниот сосед
- Иран на чекор до нуклеарно оружје, ќе го збогатува ураниумот до 90% доколку САД повторно нападнат
- Расте цената на нафтата
- Скопје во знакот на виното: Од утре започнува јубилејното 15. издание на „Виноскоп“

