Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?
    • Стигнуваат големи пари и среќа: Овој хороскопски знак до крајот на летото го очекува големо богатство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Притвор за сопственичките на домови за стари лица во Скопје: Вршеле психичка и физичка тортура, давале непотребни лекови

    Притвор за сопственичките на домови за стари лица во Скопје: Вршеле психичка и физичка тортура, давале непотребни лекови

    08.10.2025 во 09:413 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични дела – продолжена Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и Малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик.

    Со дејствијата што ги координираше јавниот обвинител во изминатите два дена, обезбедени се докази со кои се потврдува основано сомнение дека двете осомничени, во својство на сопственички и овластени лица на две приватни установи за социјална заштита на стари лица во Скопје, постапувале спротивно на Законот за социјална заштита и со намера да прибават за себе имотна корист потешко ги повредиле правата на згрижените лица. Двете приватни установи, во периодот од 2022 година до денес, не ја вршеле дејноста во рамки на издадените дозволи, односно сместувале корисници над дозволениот капацитет, неуредно ја воделе пропишаната евиденција за корисници на социјална услуга, не поседувале досие со стручна документација за сите корисници, не воделе евиденции за одржување на личната хигиена на корисниците, немале вработено соодветен број стручни кадри во смена, а имале  вработено лица без соодветна документација за вработување и немале обезбедено четири дневни оброци со соодветна спецификација за дистрибуираните оброци, како што налагале правилата за нивно работење и условите од решенијата издадени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Сите недоследности и неправилности се констатирани во записник од извршениот вонреден инспекциски надзор, а за услугата која не исполнувала стандарди и законски услови, од корисниците и нивните блиски наплаќале значителен паричен износ. Месечно од двата објекти остварувале имотна корист во вкупен износ од 2.232.000 денари.

    При извршените претреси во двете установи, од кои едната на улицата “Рудо” во Бутел, а другата на улица “Козара” во Центар, утврдено е дека двете осомничени, како лица што постапуваат во службено својство, вршеле физичко и психичко насилство со цел да им нанесат физичка и душевна болка, односно страдање на корисниците и ги изложувале на сурово, нечовечко и понижувачко однесување. Првообвинетата во домот во Бутел сместила 27 корисници – стари лица, иако имала дозвола само за 21 лице, а заедно со второобвинетата во установата во Центар сместиле 33 корисници – стари лица, иако имале дозвола само за 17 лица. За грижа и нега на лицата немале обезбедено соодветен број редовно вработени стручни кадри.

    Спротивно на сите правила, во собите сместувале женски и машки лица заедно. Немале обезбедено кревети за сите корисници, па дел од корисниците спиеле на троседи во дневната соба или по две лица спиеле на ист единечен кревет. На сите корисници во двете установи им биле служени оброци со производи со изминат рок, за што се земени и мостри од храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории, а на еден дел им била давана терапија со лекови кои не биле препишани од лекар. По наредба на јавен обвинител, на сите згрижени лица им е извршен лекарски преглед и анализи од страна на стручни лица од Институтот за судска медицина. Установите се затворени, а со координација на надлежните државни органи за корисниците е обезбедено соодветно сместување.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени за нехуман, суров, деградирачки, нечовечки и понижувачки третман на стари лица за кои нивните семејства плаќале услуга за вонсемејно домување. Предлогот е прифатен и на осомничените им е определена притворската мерка.

    Прочитај повеќе

    Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта

    25.08.2026 во 22:42

    Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?

    25.08.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.