Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.С.(45) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „IJ-18“ и 40 ловечки патрони.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version