Забавниот парк „Зимзоленд“ вечерва не работи, откако, според неофицијални информации на “Скопје1”, попладнево биле извршени контроли од страна на Управа за јавни приходи, при што биле утврдени неправилности во работењето.

Затворањето доаѓа во екот на бурните реакции во јавноста, каде се отворија прашања за тоа дали поставените реквизити се безбедни за посетителите и дали воопшто постојат соодветни дозволи за нивно функционирање.

Притисокот врз организаторот, битолската фирма „Мега луна 25“, доаѓа и од локалните власти. Општина Аеродром веќе донесе решение со кое му нареди на сопственикот итно да го ослободи просторот.

„Ако опремата не се отстрани во определениот рок ќе се постапи кон присилно административно извршување на градбата“, апелираа од Општина Аеродром, давајќи му на сопственикот рок од три дена сам да си го дислоцира новогодишниот лунапарк.

Exit mobile version