Денеска полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(21) од Албанија.

Околу 01:55 часот на излез од Гевгелија кон автопатот А1, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при контрола било утврдено дека во возилото превезува пет лица мигранти, од кои четири од Египет и еден од Судан.

По документирање на случајот, ќе биде поднсена соодветна пријава.

Exit mobile version