Украинските одбранбени сили извршија тактичко повлекување од одредени делови на Северск во регионот Донецк, со цел да ги зачуваат животите на своите војници. Иако дошло до поместување на единиците, Генералштабот на Украина потврди дека самиот град и понатаму е под нивна контрола.
Од Киев соопштуваат дека фронтот останува активен, а руските сили продолжуваат со силни офанзивни дејствија.
„Тешките борби продолжуваат, а руските сили имаат значителна предност во бројност и опрема“, се наведува во соопштението на Генералштабот.
Украинската војска тврди дека и покрај повлекувањето, успеала да ги оштети логистичките линии на непријателот. Како што се наведува во извештајот, единиците успеале да го исцрпат напаѓачот и да го блокираат неговото понатамошно напредување кон внатрешноста на регионот.

